Граничната полиција евидентираше два нови случаи на оштетување на возила на македонски државјани кои летувале во Грција. Со тоа вкупниот број на оштетени возила за оваа година изнесува четири.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во саботата на Граничниот премин „Богородица“, пријавено е оштетување на задното лево стакло, оштетена лајсна и оштетен преден браник со предна лајсна на патничко моторно возило марка „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д. од Скопје и вчера, на Граничниот премин „Стар Дојран“, од страна на лицето Т.Д. од Штип, пријавено е скршено лептир стакло на патничко моторно возило „Хонда“ со штипски регистарски ознаки, при што било отворено возилото од каде е одземен новчаник од сопатникот З.С. во кој имало возачка дозвола и лична карта на негово име.
Настаните се случиле во местото Пиреа, односно езеро Киркини и истите не се пријавени во грчката полиција.
Како што претходно МВР ја информираше јавноста, првото оштетување на возило на македонски државјани за оваа година беше пријавено на 14 март на ГП „Богородица“ од страна на М.Б. од Прилеп кој управувал патничко моторно возило „Форд Мондео“ со скопски регистарски ознаки. Возилото било изгребано на левата врата со остар предмет додека било паркирано на аеродромот во Солун.
Вториот случај е пријавен на 14 јуни на ГП „Меџитлија“ од страна на Б.М. од Охрид, кој додека бил во местото Метаморфози, на предната хауба забележал видливи знаци на оштетување од цврст предмет со ознака “NOMK“ и дупната задна лева гума на своето патничко моторно возило марка „Мерцедес бенз“ со охридски регистарски ознаки.
Од МВР наведуваат дека иако, случаите биле пријавени во грчката полиција, оштетените не добиле записник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција