Швајцарија во вториот квартал од годинава регистрирала за 47 отсто поголем број на барања за азил во одос на истиот период минатата година, пред се поради приливот на еритрејските бегалци.
Според податоците што ги објави Швајцарскиот државен секретаријат за миграции (СЕМ), во второто тримесечие имало 7.384 барања за азил, што е за 2.000 повеќе отколку во истиот период лани и за 2.895 повеќе од првиот квартал оваа година. Еритрејците претставуваат 43,9 отсто од барателите на азил во второто тримесечие.
СЕМ во цела 2015 година има регистрирано околу 29.000 барања за азил, а најмногу апликанти доаѓаат од Еритреја, Сомалија, Шри Ланка и Сирија.
СЕМ во цела 2015 година има регистрирано околу 29.000 барања за азил, а најмногу апликанти доаѓаат од Еритреја, Сомалија, Шри Ланка и Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.