Земјите-членки на ЕУ на крајот на јуни го отфрлија предлогот на Европската комисија за задолжителна распределба на 40.000 луѓе, кои имаат право на меѓународна заштита и сега се во Италија и Грција.
Членките на ЕУ се согласија на распределба на бегалците на доброволна основа во наредните две години.
Чешка предложи помош за 1.500 бегалци до 2017 година, од кои 400 годинава, Германија 9.000, Франција над 6.700 граѓани, а некои земји воопшто не понудија гостопримство за мигрантите.
Чешка примањето на мигрантите го услови со т.н. избор на бегалците директно во камповите во Италија и Грција
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.