| четврток, 6 декември 2018 |

Железничката станица во Скопје оваа есен со нов модерен изглед

zeleznicka1За три до четири месеци железничкта станица во Скопје ќе добие нов модерен изглед, соопшти министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски кој заедно со директорот на МЖ Инфраструктура извршија увид во реконстрикцијата на железничката станица во Скопје.

zeleznicka2

– Она што забележавме е дека градежните работи се одвиваат тековно. До сега 80 % од планирание работи се завршени. Како што можете да забележите  монтирани се двата лифта, на платформата на пероните се местат нови плочки од гранит, тоалетите се во завршна фаза. Исто така се работи на централната контролна соба и на билетарниците, наместени се соларни панели чија енергија ќе се употребува за потребите на станицата, а се планира да се постават 2 нови машини како банкомати на кои ќе може да се купуваат билети, изјави Мисајловски.

zeleznicka4

Реконструкцијата опфаќа и реновирање на чекалните, изградба на патеки за слепи лица, реконструција на влезот и друго. Објавен е и тендер за набавка на нова опрема која вклучува систем за информирање на патниците, камери и опрема за контролен систем. Тендерот трае до 15 септември.

zeleznicka7

Финансиските средства за реализација на овој проект во висина од 85% се обезбедени од ИПА фондовите а 15%  од буџетски средства. Вкупната инвестициска вредност на проектот изнесува околу 2.4 милиони евра.

zeleznicka3

– Нашата цел е Скопје да добие современа и модерна железничка станица која ќе ги задоволи сите естетските и безбедносните потреби на патниците во Македонија. Очекуваме со оваа инвестиција како и со инветсицијта во нови возови значително да го подигнеме квалитетот на железничкиот превоз во Макеоднија. Во таа насока ќе продолжиме со инвестициските политики во железничкиот сектор, што преставува и наша обрска кон граѓаните на Р Македонија, бидејќи тоа им го ветивме преку нашата програма, рече Мисајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top