Централната железничка станица во Брисел е евакуирана по наводна експлозија, јави ДПА повикувајќи се на полициски извори.
Маж кој на себе носел појас со експлозив бил „неутрализиран“ на станицата, според медиумите. Војници интервенирале по наводната експлозија, во која немало жртви.
Белгиската железничка компанија објави на Твитер дека полицијата побарала од нив да биде запрен железничкиот сообраќај. Главниот плоштад во Брисел, исто така е евакуиран.
Голема паника е регистрирана по инцидентот во белгиската железничка станица, јавија бриселски медиуми. Полицијата соопшти дека ситуацијата е под контрола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.