Во рамки на „Охридско лето“ вечерва, 20 јули, во дворот на основното училиште „Климент Охридски“ ќе биде изведена театарската претстава „Со љубовта шегување нема“, а во црквата „Света Софија“ концерт ќе одржат македонскиот сопран Весна Гиновска – Илкова и пијанистката Кристина Светиева.
Претставата „Со љубовта шегување нема“ од Алфред де Мисе, во режија на Софија Ристевска ќе ја изведе Интимен театар од Битола. Создадена е врз идејата за денешниот неолиберализам, кој го проголтува и уништува секој човечки напор за жиеење надвор од неговата матрица.
Во денешниот свет конструиран само и единствено врз правилата на капиталот човекот нема многу избор за алтернатива освен да се потчини и да се постави во функција на парите. И кога капиталот е основниот параметар по кој се конструира и се структуира еден живот тогаш доаѓаме до заклучокот дека со „капиталот шегување нема“, а љубовта е постудена од капиталот. Во општеството на несолидарност и краен финансиски егоизам нема место за љубов и токму во претставата се спротивставуваат љубовта и капиталот, во арената каде што с енаализираат резултатите од тој чин.
Претставата е повик за создавање на похуман, посолидарен и социјално рамноправен свет, каде индивидуата ќе има право на слобода и љубов, затоа што точно игнорирањето на овие две категории може да чини многу. Софија Ристевска досега режирала над 30 претстави во државни и независни театарски куќи во Македонија, Бугарија и Србија. Во 2010 година го оформи „Интимен театар“ во кој продуцирала и режирала шест претстави од современи драмски автори.
Весна Гиновска-Илкова е една од најатрактивните и најпознатите македонски оперски солистки. Домашната сцена ја освоила во 1996 година кога дебитира на сцената на Македонската опера и балет, заедно со рускиот тенор Сергеј Дубровин. Две години подоцна ја запознава и меѓународната сцена на меѓународниот натпревар „Борис Христов“ во улогата Елизабета во операта „Дон Карло“. Настапувала во некои од најпрестижните оперски сали во светот со реномирани оркестри и уметници. Лани одржа рецитал во Њујорк каде се претстави со најзначајните дела од македонското вокално творештво. Добитник е на голем број награди и признанија во Македонија.
Кристина Светиева е една од најталентираните млади пијанистки во Македонија. За време на студирањето разви широка концертна дејност. Успешно настапува во земјава, но и надвор од неа, на повеќе национални и интернационални фестивали. Добитник е на повеќе државни и меѓународни нагади и признанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Словенечкиот уметник со светско реноме Дарко Брлек доаѓа на 59-тото „Охридско лето“
-
„Охридско лето“: Поради спецификата на претставата што се играше пред самата сцена на Антички, видното поле од гледалиштето беше намалено, и тоа го најавивме
-
Слаба посетеност на затворањето на „Охридско лето“
-
„Илијада“ во копродукција на СНГ, Цанкариев дом и Градски театар од Словенија вечерва го затвора „Охридско лето“