Централниот дефанзивец во редовите на Зенит и аргентинската фудбалска репрезентација, Езекиел Гарај кариерата би можел да ја продолжи во Милан.
Тој се поврзува со трансфер во „реновираниот“ состав на „росонерите“ откако италијанскиот гигант се распрашува за него и се очекува да испрати понуда од 25 милиони евра.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, веќе е подготвена понуда од 25 милиони евра до Зенит, и преговорите би можеле да завршат до крајот на оваа недела.
Гарај има договор со Зенит до 2019 година, па поради тоа Милан ќе треба да подготви и повисока понуда за аргентинскиот репрезентативец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим