Уште еден успешен фестивал на пивото и скарата, вчеравечер беше затворен во Прилеп. Тринаесетиот по ред „Пивофест “, воопшто не беше баксузен, напротив. Во текот на четирите фестивалски дена Прилеп го посетија повеќе од 300 илјади посетители, а се пиеше и јадеше во тони.
Вчеравечер за првпат пееше и босанскиот пејач Дино Мерлин, а во текот на четирите вечери настапија и голем број на други музички ѕвезди како Оливер Драгојевиќ, „Прљаво казалиште“, Саша Ковачевиќ.
Градоначалникот Марјан Ристески го затвори овогодинешното издание на Фестивалот на пивото со ветување дека следната 2016-та година се ќе биде многу подобро, поубаво и секако со многу поинтересни и познати балкански и светски музички гости.
Погледнете ги четирите фестивалски дена на „Пивофест 2015“ низ фотографии тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.