Вчеравечер во Прилеп беше отворен 13. поред фестивал на пивото и на скарата. „Пивофест 2015“ годинава во четири фестивалски денови ќе понуди многу различни видови на пиво, скара и забава на две фестивалски бини.
Првата вечер беше одтворена со Слаткаристика, по кој настапија „Љубојна“, а неколку десетици илјади посетители во еден глас пееја со главниот госитн за вчеравечер Саша Ковачевиќ.
Низ фестивалските вечери публиката ќе ја води водителската двојка Жарко Димитриоски и Марјана Станојковска. Русокосата лото-девојка вчера позираше во рацете на српскиот пејач, а за првата вечер на „Пивофест“ одбра секси и провокативен црвен фустан, со длабоко деколте.
Вечерва во Прилеп настапуваат „Радио Актив“, „ZAA“, „ДНК“ и „Прљаво Казалиште“.
Сабота, третиот ден од фестивалот ќе почне со македонскиот фолк-изведувач Наум Петрески, а ќе продолжи со Неда Украден и со Оливер Драгоевиќ.
Последниот ден свои настапи ќе имаат Ален Хасановиќ, Гоца Тржан и Дино Мерлин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.