| четврток, 6 декември 2018 |

Грците ги опустошија продавниците за храна

грци

Грците од денес ќе плаќаат повисок ДДВ за одредени производи, меѓу нив и за прехранбени производи и за пакувана вода, согласно договорот за финансиска помош што го потпиша грчката влада со кредиторите минатата недела. Свесни дека цените драстично ќе се покачат, оние Грци кои тоа можеа да си дозволат направија залихи од храна за следниот месец со надеж дека барем малку ќе заштедат. Како што јавуваат грчките медиуми, граѓаните до вчера направиле пустош по продавниците за храна и супермаркетите.

Една туристка која со семејството летува на Крф, и која имала намера да купи за дома од познатиот грчки маслинов зејтин, вчера се соочила со празни полици во продавниците. ­-Тргнав во продавница со намера да купам пакување од пет литри маслиново масло, како што обично правам пред да се вратам дома, но се соочив со последиците од кризата – на полиците во продавницата за храна речиси немаше ништо – вели туристката за белградски “Блиц”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top