Грчките банки од денеска би требало одново да бидат отворени откако веќе три недели не работеа, но и понатаму ќе важат ограничувањата за подигнување пари и ќе биде спроведена контрола на капиталот.
Со уредба на Владата утврдено е ограничувањето за подигнување пари во една недела да биде 420 евра, а дневниот лимит и понатаму ќе биде 60 евра.
Тринеделниот прекин во работата на банките може да ја чини државата дури три милијарди евра, не сметајќи ги неостварените приходи од туризмот.
Грција денеска треба да ги претстави и првите предлози за модернизација на администрацијата додека во сила влегува и зголемениот ДДВ (од 13 на 23 отсто), што беше еден од условите од кредиторите пред да почнат преговорите за новиот план за економски спас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција



