– Јас сум многу задоволен од тоа што се постигна овој договор, затоа што стави точка на еден лош период за државата и лош период за економијата, којшто СДСМ го посакуваше, и којшто донекаде успеа да го постигне, донекаде успеа да напарави мали проблеми во економијата, коишто се надевам сега ќе ги вратиме на вистинска трака – изјави премиерот Никола Груевски во интервју за „Нетпрес“.
– Овој договор обезбедува еден напредок за државата, обезбедува да останат авроатлантските и европските перспективи, за Република Македонија, што пак носи други свои придобивки, и што е најважно успеавме да го задржиме СДСМ на договорот од 2-ри јуни, а тоа е да се појави на избори, да не бега од избори, туку да се појави и народот да си каже кому му ја дава довербата, а тогаш ќе си каже и зошто ја дава довербата, кога ќе дојде време за тоа. Во секој случај многу сум задоволен што успеавме да се издејствува овој договор, на начин на којшто се издејствува, да се дојде до тоа потпишување, да дојде до деескалација на оваа криза, да останат европските перспективи за Македонија и НАТО перспективите, и економијата да тера во еден нормален тек. Да падне тензијата што народот ја чувствуваше во овој период, што е една нормална тензија кога има една политичка криза, така што дојде до една нормализација на состојбите – додаде Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште сме на почетокот: Проблемите во економијата ќе продолжат да се продлабочуваат
-
Мерките на владата поразителни: Лелеци во текстилната и кожарската индустрија која вработува 40.000 луѓе
-
Ќе одите на одмор во Грција? Еве какви се цените…
-
ВМРО-ДПМНЕ: Економските политики на Владата се покажаа како погубни за македонската економија и бизнис секторот



