| четврток, 6 декември 2018 |

Во Дојран „врие“ од туристи

Во шпицот на летната сезона љубителите на пишаниот збор ќе може бесплатно да читаат на Дојранското крајбрежје. Стартуваше првата билбиотека на плажа која официјално се отвори на Градската плажа во Дојран, што на читателската публика ќе и понуди голем број книжевни наслови. Туристите, меѓу другото, ќе уживаат на прекрасни песочни плажи, одличните сместувачки капацитети и традиционалната храна по достапни цени. Дојран доживува препород, објавува телевизија АЛФА во својата репортажа.

dojran-rep_thumb_medium500_281

Враќањето на водата во езерото, го врати и ентузијазмот кај туристите, но и надежта кај дојранчани за богата сезона. Велат дека генерално се задоволни од туристичките услугите.

Но, освен домашни, значително се забележува раст и на странски туристи, претежно од Србија кои на пат кон Грција речиси цело лето минуваат низ Дојран.

Од локалната велат за Алфа велат дека оваа е една од најуспешните туристички сезони во Дојран. За тоа говори и зголемениот број на туристите за околу 40% во однос на лани, кои постојано оди во нагорна линија.

Зголемувањето на бројот на туристи во земјава и натаму расте благодарение на нискобуџетните авиолинии.

Веќе се прават и преговори со една од најпознатите компании во светот за нови линии, кои што би ги поврзале Скопје и Охрид со различни дестинации во Европа и пошироко.

Надлежните посочија дека општината работи на нови проекти за изградба на велосипедски и пешачки патеки, кои ќе ги привлечат инвеститорите за градба на нови сместувачки капацитети и ќе го направат Дојран да биде атрактивен и во текот на целата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top