| четврток, 6 декември 2018 |

Памела Андерсон го кани Путин на вечера

Славната секс-бомба Памела Андерсон го покани претседателот на Русија, Владимир Путин на вечера или ручек.

pamela

Во писмото кое го упатила до амбасадата на Руската Федерација во Вашингтон познатата “чуварка на плажите“ го замолила шефот на Кремљ да се сретне со неа за да разговараат за заштитата на животните.

– Имам глас во меѓународната заедница и би сакала да го искористам, колку и да е скромен, за да помогнам овој свет да стане подобро место за сите живи суштества. Мислам дека можеме многу да направиме заедно за светот да биде подобро место за живеење за нашите деца – стои во писмото на Андерсон.

Актерката и најпознатата Плејбој зајачица, која се посвети на зачувувањето на животната средина, додаде дека Русија веќе и помогнала во таа борба.

– Москва беше клучна во спречувањето на Канада да лови фоки поради нивните крзна. Би сакала лично да дојдам во Москва и да се сретнам со Путин на ручек или вечера, или ако е зафатен, тогаш со министерот Сергеј Донски, за да добијам повеќе информации за руската посветеност во борбата за заштита на животната средина и за различноста на животинските видови – напишала Андерсон во второто писмо адресирано до Путин овој месец.

Каков ќе виде одговорот на Путин се уште не е познато, но министерот за природна средина Сергеј Донски, веднаш ја прифатил поканата на Памела.

Рускиот претседател е познат по тоа што сака да ги посетува холивудските и другите филмски ѕвезди, како Орнела Мути, Жерар Депардие или Стивен Сеган, па прифаќањето на поканата не би било воопшто чудно.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top