| четврток, 6 декември 2018 |

„Емпајер стејт билдинг“ зелено осветлена по повод Рамазан Бајрам

Зградата „Емпајер стејт билдинг“ во Њујорк синоќа беше зелено осветлена по пово муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, јавија денеска американските медиуми.

empire

Позната зграда во Њујорк беше зелено осветлена се до два часот по полноќ, по локално време, кога се гасат светлата на објектот.

„Емпајер стејт билдинг“ се осветлува во различни бои за време на различни верски празници, па така за Велигден беше осветлена со пастелни бои, за еврејскиот празник Ханука во сино и бело, а за Божиќ беше осветлена со црвено и зелено.

Вообичаено зградата е осветлена во бело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top