| четврток, 6 декември 2018 |

Честитка од Вељаноски по повод Курбан Бајрам

трајко

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска упати честитка до сите верници од муслиманска вероисповед по повод празникот Курбан Бајрам.

– Курбан Бајрам е ден кога благосостојбата и солидарноста и подаваат рака на сиромаштијата и кога љубовта, толеранцијата, почитувањето на семејството се главниот мотив за среќа, мир и напредок. Секое добро дело ја надградува довербата, а со тоа и не прави да бидеме луѓе кои меѓусебно ќе се почитуваме и ќе градиме заедничка иднина. Она што е градено со години и векови од нашите предци да не го уриваме, туку постојното да го унапредуваме и да продолжиме да градиме мостови на разбирање кои ни гарантираат сигурна заедничка иднина кон нашите стратешки цели на евроинтеграција- вели во честитката Вељаноски.

Додава дека Република Македонија како држава е пример за почитување намултиетничките и мултирелигиските вредности, со кои, како што истакнува, треба да сме горди и да продолжиме во нивно поттикнување за уште поголема доверба и мир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top