| четврток, 6 декември 2018 |

Со проектот „Македонија вработува“ вработени 3.570 лица

Во Македонија, заклучно со вчера, преку проектот „Македонија
вработува“ се вработени 3.570 лица, изјави денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов по работниот престој во Струга каде ги посети децата кои ја користат владината услуга за бесплатен летен одмор.

dime-spasov500

Според Спасов, во рамки на проектот дневно се реализираа меѓу 50 и 70, а некогаш и 100 вработувања.

– Исклучително е позитивно да се истакне дека и во струшкиот и охридскиот регион овој проект дава резултат. На ниво на Струга досега се вработија 124 лица, а на ниво на Општина Охрид 167 или вкупно 301 лице, нагласи министерот.

Со проектот „Македонија вработува“ значително ќе се намали невработеноста во земјата преку отворање нови работни места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top