Српската гранична полиција при детална контрола го уапсила познатиот српски фолк пејач Синан Сакиќ кај кого биле пронајдени 2,3 грама хероин кои ги сокрил во долната облека.
Со него бил и извесен Елвис Р. Кај кого полицијата пронашла помала количина марихуана. Поради пронајдената дрога, но и поради тоа што бројот на возилото со кое патувале, не бил ист со оној на сообраќајната дозвола, пејачот и неговиот придружник се уапсени и сослушани во обвинителство.
Ние најверојатно нема да бидат задржани во притвор, а автомобилот ќе биде пратен на вештачење.
Како што пишуваат српските медиуми за време на сослушувањето, Синан кажал дека оди на концерт во Босна и Херцеговина, а дрогата му била за тие потреби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.