| четврток, 6 декември 2018 |

Бесплатно летување во Струга за 2000 деца

спасов

-Станува збор за проект на Владата на Република Македонија кој што го реализираме од 2012 година. Заклучно со ова лето, овој проект збирно до сега  го имаат искористено 11.000 дечиња.  Имено петтата група  која  што денес ја посетуваме е составена од околу 200 деца од повеќе градови и општини ширум Р.Македонија. За ова лето обезбедивме 2000 дечиња да можат да ја искористат оваа бесплатна услуга, да ги искористат поволностите од проектот “Бесплатен летен одмор за деца од семејства од социјален ризик -појасни Спасов

спасов2

Обезбедени средства за ова бесплатно летување за 2000 деца од социјален ризик се во износ од 8.000.000 денари. Проектот продолжува да се реализира до крајот на летото и досега околу 1.100 дечиња го имаат искористено овој проект ова лето и уште 900 ќе го искористат до крајот на летниот период.

спасов3

-Би сакал исто така да најавам дека во текот на септември месец ќе започнеме со подготвителни активности за продолжување на проектот и во зимскиот период при што планираме да опфатиме околу 1000 деца во зимскиот период. И понатаму ќе продолжиме со реализацијата на овој проект кој им помага пред се на децата кои што доаѓаат од материјално необезбедените семејства и им помагаме на самите семејства да ги испратат своите деца на одмор, да се стекнат со нови пријателства, да научат да пливаат и едноставно да поминат незаборавни 7 дена- заврши Спасов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top