Откако пред еден месец беше именуван како наследник на Синиша Михајловиќ на клупата на Сампдорија, прославениот италијански голман Валтер Ѕенга изјави дека нема намера да го ангажира Марио Балотели од Ливепрул.
Сепак, Ѕенга по се изгледа ќе го нема последниот збор на оваа тема откако претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро, најави нови преговори со Ливерпул за ангажман на проблематичниот голгетер.
„Марио Балотели е исклучителен фудбалер. Тој во нашиот клуб би добил вистинска шанса да се врати во топ-форма и да покаже дека е дел од елитата“ – изјави Масимо Фереро за италијанските медиуми.
Сампдорија и во јануарскиот преоден рок се обиде да стигне до Балотели, но не успеа да се договори со Ливерпул, со оглед на фактот дека „црвените“ инсистираа на целосна продажба на голгетерот, додека италијанскиот клуб не можеше да си го дозволи тоа, па сакаше да го позајми „Супер Марио“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.