По цели 20 години, поранешниот македонски репрезентативец Виктор Треневски повторно ќе работи во Црна Гора, но овојпат како тренер на новиот прволигаш Дечиќ.
Оваа екипа успеа да влезе во елитното друштво, но мораше да го смени стратегот бидејќи Фуад Кркановиќ немаше Про-лиценца, а изборот падна токму врз Треневски.
Треневски своите први професионални чекори ги направи во Будуќност каде играше од 1993 до 1995 од каде замина во Партизан, а потоа и во Пуелба во Мексико.
Треневски фудбалската кариера ја заврши во Словенија, каде настапуваше за Мура, Копер, Олимпија, Драва и Нафта. Тој во оваа екс-ју земја стартуваше и како тренер, имаше добар старт на авантурата со Заврч, но сепак си замина од клубот поради недоразбирања со управата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.