| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид со Рафа Бенитез одигра само 0-0 на премиерниот натпревар во подготовките

Новиот тренер не Реал Мадрид, Рафа Бенитез непопуларно ја започна „ерата“ во кралскиот клуб откако на премиерниот натпревар на подоготвките одигра 0-0 против Рома во Австралија.
Поголемиот дел од навивачите на Реал Мадрид се противеа на избирот на наследникот на Карло Анчелоти поради неговата дефанзивна тактика која го карактеризира во кариерата.
Очигледно Бенитез нема намера да смени нешто во својот избор на игра, па затоа на првиот подготвителен натпревар за новата сезона одигра само 0-0.
Иако настапи со својот најсилен тим. Бензема неочекувано му го отстапи местото во првиот тим на младиот Одергард, Французинот влезе во игра во второто полувреме, но сепак не успеа да го матира италијанскиот голман и да му донесе триумф на својот тим.

По 90-те минути игра, согласно правилата дуелот мораше да биде решен со пенал-рулет, во кој славеше Рома со 7-6. Откако во првите шест серии сите фудбалери беа прецизни, Де Санктис во седмиот обид го одбрани ударот на Васкез, по што Кеита го совлада Кејлор Навас и му ја донесе победата на римскиот тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top