| четврток, 6 декември 2018 |

Соломонските Острови погодени од силен земјотрес

земјотрес
Земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на Соломонските Острови, соопшти Геофизичкиот институт на САД.Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами на Хаваи предупреди на појава на големи бранови во радиус од 300 километри од епицентарот на земјотресот. Подоцна предупредувањето од цунами беше повлечено.

Првично беше објавено дека земјотресот бил со интензитет од 7,5 степени според Рихтер на длабочина од 33 километри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top