| четврток, 6 декември 2018 |

Почина возачот на Формула 1, Жил Бјанки!

зил

Рано утрово семејството на поранешниот возач на Марусија ја извести јавноста дека 25-годишниот Жил Бјанки починал во болницата во Ница.Францускиот Ф1 пилот, Жил Бјанки доживеа тешка несреќа за време на ГН на Јапонија кој се возеше пред девет месеци.

Бјанки се здоби со тешки повреди откако при голема брзина се заби во возилото задолжено за извлекување на болидите, но иако се веруваше дека со секојдневните терапии ќе успее да излезе од кома, младиот Французин сепак не ја издржа најголемата битка во неговиот живот.
– Со длабока тага, родителите на Жил Бјанки, Филип и Кристин, неговиот брат Том и сестрата Мелани сакаа да ја споделат веста дека Жил почина изминатава вечер во болницата во Ница, каде тој беше згрижен по големиот инцидент кој се случи на 5 октомври минатата година. Жил се бореше напорно до самиот крај, како што го правеше тоа и во животот, но денеска на неговата борба и дојде крајот. Болката што ја чувствуваме е огромна и неопислива. Сакаме да му заблагодариме на медицинскиот персонал во болницата во Ница кој се грижеше за него со многу љубов и посветеност – пишува во официјалното соопштение кое го достави семејството Бјанки до медиумите, а кое секако ја потресе светската спортска јавност и сите оние кои редовно ги следат случувањата во мото спортот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top