Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и слаб ветер, претежно од североисточен правец. Попладне на крајниот запад ќе има со услови за краткотрајна нестабилност. УВ индексот ќе има вредност 9.
Максималните дневни температури ќе достигнат меѓу 27 во западните делови и до 38 Целзиусови степени во централните и јужните региони.
Особено топлото време во текот на викендот ќе продолжи и на почетокот на следната седмица, кога дневните температури во одредени делови од земјава ќе надминат и 40 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.