Министерството за култура на Украина побара од Министерството за внатрешни работи на оцваа држава да го забрани концертот на Емир Кустурица во Киев со цел да се избегнат немири во земјата. Според ова Министерство, Кустурица и неговиот „No Smoking Orchestra“ е неприкладен поради можните провокации и неговата поддршка за повторно обединување на Крим со Русија.
Концертот треба да се одржи на 28 јули во Киев во чест на одбележување на 1000 години од смртта на киевскиот принц Владимир Велики.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.