| четврток, 6 декември 2018 |

Првиот ден на Пивофест 2015 најуспешен досега, вечерва настапуваат ДНК и Прљаво Казалиште

Десетици илјади граѓани, меѓу кои и голем број иселеници од странство, присуствуваа на синоќешното отворање на  13. Фестивал на пивото – Пивофест во Прилеп, објави „Сител“. Според локалната самоуправа тоа беше најсупешен прв ден од одржувањето на фестивалот досега.

Организаторите на денешната средба со новинарите најавија рушење на рекордите.

– Денеска и во наредните два дена ќе бидат срушени сите рекорди кои ги поставивме на претходниот Фестивал на пивото, посочи градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески.

Овогодинешниот Пивофест го отворија Слаткаристика и Љубојна, а потоа следуваше ѕвездата на вечерта Саша Ковачевиќ. Вечерва посетителите ќе ги забавуваат: Радио Актив, ЗАА, ДНК и Прљаво Казалиште.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top