Петнаесетгодишно девојче од Кочани откако два дена не се вратило дома е пријавено во полиција која го прогласи за исчезнато, објави порталот „Кирилица“. Случајот во полиција го пријавила нејзината мајка Т.А.(34). Таа пријавила дека настанот се случил на 13 јули, околу 3 часот по полноќ кога нејзината ќерка од засега непознати причини излегла и се оддалечила од домот заминувајќи во непознат правец.
Полицијата трага по девојчето и работи на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


