| четврток, 6 декември 2018 |

Суровите тренинзи на најопасните војски во светот (ФОТО)

Војската на Јужна Кореја, Кина и на САД поминува низ многу сурива обука, а целта на тренинзите е војниците да научат да се справат со неочекувани ситуации.

Војните претставуваат физички и психички терор за војниците, па затоа војските во светот имаат брутални тренинзи за своите војници, со кои ги подготвуваат за најлошото што може да го сретнат на бојното поле.

Тренинг на војниците во Ирак

Тренинзите за оние кои воошто немаат вистинско искуство на терен се особено тешки. Низ фотографиите што ги објави Business Insider ви пренесуваме како изгледаат овие тренинзи за војниците низ светот.

Кина

Кинеската паравоена полиција поминува низ интензивен и брутален тренинг, како вежби во кал и поминување преку огнени пречки. Битките еден на еден се особено важни, а крајностите ги носат овие паравоени полицајци и до тренинг за издржување без воздух под вода.

Во северните делови на Кина, војниците тренираат на ниски температури, кои достигнуваат и до минус 30 степени.

Канада

Канадските војници се фрлаат во речиси замрзната вода, за да видат колку ќе издржат, како дел од НАТО тренинзите.

Јужна Кореја

Исто како кинеските колеги, специјалните воени сили на Јужна Кореја тренираат во ладни услови. Во заеднички вежби со американските колеги, тренираат и во ладните планини во Јужна Кореја.

САД

Американските маринци заедно со тајландските колеги тренираат во џунгли, каде дел од тренингот им налага да пијат крв од кобра.

Јапонија

Една од вежбите за Јапонците е држење на јаже што виси од хеликоптер.

Тајван

Како дел од 9-неделниот тренинг, војниците во Тајван треба да ползат на патека обложена со врели камења, со врзани раце.

Белорусија

Оние кои сакаат да станат дел од елитните „Црвени баретки“, треба да поминат низ екстремни вежби како трчање додека се пука во нивните нозе и кршење на запалени бетонски цигли со глава.

Сирија

Членовите на Kurdish YPG тренираат на шипки и поминување низ огнени пречки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top