| четврток, 6 декември 2018 |

Усвоен ребалансот на Буџетот за 2015 година

Владата на Република Македонија на денешната седница го усвои ребалансот на Буџетот за 2015 година.

stavreski-juli2014

Како што информира вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на денешната прес-конференција во Владата, се работи за измена која не е голема по обем и која вклучува поместување на позициите таму каде политиките, мерките и проектите на Владата го налагаат тоа без да ги измести основните макроекономски параметри.

– Ребалансот не вклучува кратење на буџетите на ни еден буџетски корисник, туку претставува поместување на одредени позиции таму кадешто поради одредени политики, мерки и активности треба да се додадат средства или кадешто проектите се одвиваат подобро од што првично сме планирале. Појдовните претпоставки за изработка на ребалансот вклучуваат и ревидирање на проекциите за БДП и за движењето на приходната и расходната страна, рече Ставрески, нагласувајќи дека БДП за 2015 година е ревидиран на 3,5 процентен раст, а буџетскиот дефицит ќе изнесува 3,6 проценти од БДП.

Тој посочи дека Буџетот во првата половина од годинава е во добра кондиција и додаде дека на приходната страна буџетските приходи се подобри од очекувањата и подобри од планираните.

– За околу 14 проценти се повисоки буџетските приходи во однос на истиот период од 2014 година што во однос на планираното е некаде околу 6 проценти поени повеќе прибрани буџетски приходи отколку што се планираше за првите шест месеци од оваа година, рече Ставрески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top