Летните горештини очигледно ги избркаа и дивите животни од шумите.
Денеска околу пладне, на температура од 38 степени, на една напуштена плажа кај стариот автокамп на „Треска“, во близина на струшкото село Радожда, беше забележана млада мечка како се капе во Охридското Езеро, објави Утрински.
Она што е интересно, мечката воопшто не ги вознемири ретките капачи на плажата. Таа се разладуваше подалеку од капачите, кои всушност му се радуваа оддалеку на необичниот „турист“ на плажата.
ФОТО: Утрински весник
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


