Американската ЛЕАР корпорација од областа на автомобилската индустрија, денес со Владата на Република Македонија потпиша договор за реализирање на инвестицијата вредна над 18 милиони долари.
Министерот за привлекување странски инвестиции, Веле Самак, кој активно работел на носење на оваа инвестиција во земјава, истакна дека оваа компанија е втора по големина од глобалните фирми која одлучила да инвестира во Македонија.
Директорот на американската компанија истакна дека до крајот на 2015 година ќе вработат меѓу 150 и 200 лица, до крајот на 2016 бројката на вработени ќе се зголеми на 800, а според натамошните планови ќе се вработат до 3000 лица.
-Наскоро ќе започнеме процес на вработување на шивачи и помошен персонал, кои ќе имаат соодветна обука за кроење и шиење според највисоки стандарди и задоволување на потребите на компаниите за кои произведуваме – посочи Гаљарди.
Премиерот Груевски, кој присуствуваше на потпишувањето, нагласи дека инвестицијата на оваа компанија во Македонија е само потврда за напорите на Владата за влез на што повеќе странски инвестиции во земјава.
Премиерот посочи дека покрај директните 3000 вработувања, ќе има голем број индиректни, што значи сериозно апсорбирање на лицата кои се невработени од полошкиот регион.
Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, потенцираше дека 2015 година е потврда за лидерската позиција на Македонија во Европа за новоотворени работни места и број на странски инвестиции.
Американската ЛЕАР корпорација во светот вработува 132.000 луѓе, а е лоцирана во 34 земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се полни државната администрација – Владата склучи договор за привремени вработување од над 56.000 евра
-
Бројот на работни места во Струга зголемен од 7.500 на 11.500
-
Атанасов: Алаѓозовски продолжува со вработување на партиски кадри на сите нивоа во министерството
-
Стојаноски: Уште колку внуци, ќерки, роднини и партиски војници треба да влезат со новиот оглас од 30 лица кој што го распиша СЈО?