Унгарија за изградба на ѕидот долж границата со Србија ќе потроши околу 20 милиони евра, изјави денеска пратеникот и потпретседателот на Комитетот за надворешни работи во унгарскиот Парламент, Мартон Ѓенѓеши.
– Во оваа сума спаѓаат само материјалните трошоци за изградба на ѕидот. Владата најави дека во изградбата ќе учествуваат и затвореници и невработени лица, но конечните трошоци ќе бидат многу поголеми- смета Ѓенѓеши.
Пратеникот на екстремно десничарската „Јобик“ истакна дека неговата партија сака воведување гранична стража, наместо полицијата која ја надгледува границата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.