Книгоиздателството „Персеј“ од Софија на бугарски јазик го објави романот „Посмртна венчавка“ од Паскал Гилевски, за кој авторот минатата година доби Рациново признание.
Од македонски на бугарски јазик книгата ја преведе Тања Попова. Во редакциската препорака на издавачот стои, дека „романот е трогателна историја за двајца бегалци кои минуваат низ пеколот на егејската епопеја. Трагедијата кулминира по смртта на сопругот, кога се појавува прашањето за докажување на брачното сожителство. Вдовицата и децата паѓаат во жестокиот лавиринт на судските институции. Романот е напишан мајсториски и се чита со солзи во очите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.