| четврток, 6 декември 2018 |

Над 700 опожарени автомобили во Париз за националниот празник

коли

Во денот на националчниот празник на Франција, 14 јули и претходниот ден – 13 јули, хулигани во државата опожарија 721 автомобил, а 603 луѓе се приведени, соопшти француското МВР.

Пројавите на вандализам се регистрирани во ноќта меѓу 13 и 14 јули кога првично беа приведени 723 луѓе.

Бројот на опожарени автомобили е за 23 отсто повисок од минатата година, а бројот на приведени е зголемен за 68 отсто.

Инциденти имало и во неколку големи француски градови меѓу кои и Лион каде бил опожарен голем супермаркет, а хулигани нападнале пожарникари и полицајци. Масовни нарушувања на редот се регистрирани и во Париз каде беа приведени 145 луѓе и каде се опожарени 30 автомобили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top