| четврток, 6 декември 2018 |

Летонците не го забораваат дебаклот од 0-6 на Сконто против Работнички

rabotnicki

Последниот македонски претставник во квалификациите за Лига на Европа, Работнички, денеска од 17.30 часот го игра првиот меч од втората рунда во Летонија против Јелгава.

Пред мечот Летонците не заборавија да потсетат на дебаклот на нивниот шампион Сконто Рига од пред десет години кога Работнички ги декласираше со 6-0 на тогашниот Градски стадион во Скопје. Тој меч беше квалификациски за настап во Лигата на шампионите, а вечерва против Јелгава „романтичарите“ ќе играат за продолжување на одисејата за пласман во фазата по групи во ЛЕ.

„Резултат од 0-6 е понижувачки и за игра каква што е тенисот, а за фудбал е вистински срам. Игравме против релативно непознат противник, Работнички, од една мала земја, Македонија и доживеавме таков дебакл“, пишуваше во 2005 година летонски „Спорт“.

На тој меч во составот на Работнички беше Баже Илијоски, кој и во двомечот со Јелгава ќе биде еден од главните адути на гостите од Македонија.

„Пред десет години играв против Сконто со Работнички и победивме убедливо. Да бидам искрен, не знам многу за Јелгава. Ги следевме натпреварите со Литекс и од тоа имам информации за вашиот клуб. Се работи за цврст тим кој игра борбено до крај. И реми би бил задоволувачки резултат за нас, но одиме на победа за да ни биде полесно во реваншот“, изјави Илијоски пред летонските новинари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top