Програмата нуди интензивна воена и верска обука за деца на подрачјето кое ИД го контролира во Сирија, пренесуваат француските медиуми.
Само во јули, дури 31 деца го загубиле животот, во експлозии, судири и воздушните напади на сирискиот режим и коалициските сили, предводени од САД.
Децата војници најчесто ги чуваат контролните пунктови или собираат разузнавачки податоци од подрачјата кои не се под контрола на ИД, но оваа екстремистичка група се почесто ги користи и за егзекуција на затвореници или изведување самоубиствени напади.
Од јануари годинава ИД искористила 18 деца за самоубиствени бомбашки напади, а неодамна и во борба против курдската милиција на североисток од Сирија.
Од почетокот на 2015 година ИД има регрутирано повеќе од 1.100 деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



