| четврток, 6 декември 2018 |

Ангела Меркел: Бракот е заедница само меѓу маж и жена

Германската канцеларка Ангела Меркел во интервју објавено на Јутјуб открива дека таа се согласува со граѓански партнерства, но за неа брачната заедница може да биде само меѓу мажи и жени.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, таа вели дека ги поддржува еднаквите придобивки за истополовите заедници во Германија како даночните олеснувања и смета дека дискриминацијата мора да биде елиминирана, но според нејзинината лична дефиниција на христијанка, две лица од ист пол не треба да бидат во брак, туку во партнерство.

– Изминавме долг пат. Како што се сеќавам пред 25 годинни многу луѓе се плашеа да кажат дека се хомосексуалци, но со текот на времето го надминавме тоа и тие можат да имаат врска, граѓанска заедница. За мене лично бракот е кога маж и жена живеат заедно. Тоа е мој концепт, но го поддржувам и граѓанското партнерство, вели Меркел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top