| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел: Кризата со бегалците нема денес да се реши

Вонредни времиња бараат вонредни мерки, порача германската канцеларка Ангела Меркал пред почетокот на денешниот Мини-Самит на десет земји-членки на Европската унија со Македонија, Србија и Албанија, а посветен на бегалската криза, јави дописникот на МИА од Брисел.

Според Меркел, треба да се постигне договор за прашањето за тоа како луѓето што имаат сериозни тешкотии да добијат помош и дека денеска, меѓудругото се разговара за развој на центри за регистрација на бегалците во Грција и заштита на надворешнитете граници на ЕУ.

– Кризата со бегалците денес нема да се реши. За нејзино решавање има потреба од соработка со Турција. Така, овој процес е „незаконско законски“. ЕУ и Турција во својот став би било фер да го поделат товарот, истакна Меркел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top