Контроверзниот словенечки бенд Лајбах ќе биде првата странска група која ќе гостува во Северна Кореја.
Групата ќе настапи двапати во Пјонгпјанг во август, пред 2.000 гледачи, потврди норвешкиот режисер Мортен Траавик, а пренесува „Би-Би-Си“.
Во репертоарот на концертот ќе се свират хитови на словенечката група, како и народни песни на Северна Кореја. Травик тврди дека „Лајбах“ во Пјонгпјанг ќе биде прифатен како неконтроверзен бенд, за разлика од Европа, каде што е критикуван поради својот милитаристички имиџ.
„Лајбах“ се роди во почетокот на 80-тите години на минатиот век и претставува веројатно еден од најуспешните музички проекти во поранешна Југославија, кога станува збор за промоција и популарност во странство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!
-
Средбата на првите дами на Северна и Јужна Кореја ја засени онаа на Меланија и Брижит
-
Ким Јонг Ун: Американската територија е во опсегот на нашето нуклеарно вооружување, а копчето за негово активирање е секогаш на мојата маса
-
„Лајбах“ во март доаѓаат во Скопје