| четврток, 6 декември 2018 |

Совршено летно освежување кое брзо се подготвува (видео)

Летото дојде, со него и високите температури, а најдобриот начин за освежување е следново решение. Станува збор за мраз и вода. Оваа идеја е одлична за топлите, но и за студените денови, а подготовката е повеќе од едноставна.

Најпрвин одете до продавница и купете овошје, на пример, јагоди, боровници и киви и потоа сето тоа исечете го на мали парчиња. Потоа со овошјето наполнете ги чашите (најдобро тоа да го направите како што е прикажано на видеото). Кога сте го ставиле овошјето до врвот на чашата, налејте кокосова вода или некој природен сок, а потоа затвотете ја чашата и ставете ја во замрзнувач. По 5-8 часа извадете го од замрзнувач и уживајте во вкусот на кокос и овошје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top