Социјалдемократскиот сојуз на седницата на Државната изборна комисија, на која се одлучува за приговорите на првиот круг од локалните избори, вечерва гласала против себе, односно против приговорите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ за Кичево.
Во овој град двете најголеми македонски партии беа во коалиција со заеднички кандидат за градоначалник и листа на советници.
Според извори во ДИК, членовите на Социјалдемократскиот сојуз биле едногласни да не се прифатат приговорите кои доколку биле поддржани од нив ќе донесеа повторување на гласањето во Кичево, со што можеше да се смени исходот од првиот круг на изборите.
Партиски извори велат дека не е исклучено за возврат СДСМ да очекува ДУИ да гласа против повторување на гласањето во дел од избирачките места во Струмица за каде што приговори поднесе ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


