Амбасадата на Шведска во соработка со Менада Клубот, во среда (15 јули) во 21 часот во Менада во Старата Чаршија, ќе го прикаже шведскиот филм „20-годипнина од полуматура“.
Шведската уметница Ана Одел кани на една сурова прослава на 20 годишнина од полуматура, но со неочекуван пресврт. Филмот задира во прашањата за тоа што се случува кога хиерархиите и вистината се преиспитуваат од едно независно стојалиште?
„20-годишнина од полуматура“ е еден вид истражување на тоа кога преминувањето на границата на дозволеното навистина станува премногу. Филмот „20-годишнина од полуматура“ ја преминува границата помеѓу фикацијата и реалноста.
Самата Ана Одел ја игра главната хероина во филмот употребувајќи го сопствениот идентитет и животна приказна за да продира во неискажаната и невидлива херархиска структура. Повеќеслојно обработувајжи ја приказната, се открива сложеноста на моќта и исклученоста и се експонира динамиката на групата. За што станува збор во овој невообичаен филм?
Есента 2010 година, сите ученици од 9ц одделението од основното училиште Енскеде во Стокхолм се собираат да прослават 20-годишнина од полуматура. Сите освен Ана Одел. Таа не е поканета. Ана била исмевана во текот на првите девет години од нејзиното школување. Зошто само таа е исклучена од прославата? Што сакале нејзините соученици да избегнат да се случи?
Во фокусот на филмот „20-годишнина од полуматура“ се хиерархиите и структурата на моќта во групите. Движејќи го дејството од минатото кон сегашноста, режисерката Ана Одел ги подига прашањата врзани за малтертирањата. стравот, храброста, идентитетот и припаѓањето. Филмот започнува со тоа како би изгледала прославата на 20-годишнината од полуматура доколку и Ана била поканета. Вечерата станува хаотична и Одел, која се глуми себеси, е избркана.
Во вториот дел од филмот, дознаваме дека Одел го поставува дејствието како сценирана, замислена ситуација, како “mise en scène”, на која потоа ги кани своите реални соученици да го изгледаат првиот дел и отворено да дискутираат за нивното заедничко минато.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура