| четврток, 6 декември 2018 |

Месечниот буџет на Швајцарците е 7.000 евра

На домаќинствата во Швајцарија во просек во 2013 година на располагање им биле 7.130 франци месечно или 6.813 евра, според извештајот на федералниот завод за статистика на таа земја, ОФС.

franci

Во извештајот се наведува дека 61 отсто од домаќинствата имало поголем приход од просечниот.

Најголемо оптоварување за буџетот на швајцарските граѓани во 2013 година биле трошоците за стан, сметките за струја каде што во просек се трошеле по 1.520 франци.

Повеќе од половина од сумата со која располагале Швајцарците ја трошеле за купување на стока за широка потрошувачка и плаќање услуги, а за транспорт трошеле 7,8 отсто од приходите.

На храна и на безалкохолни пијалоци Швајцарците трошат 6,4 отсто од месечните приходи, а на култура  и на забава шест отсто.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top