„Електричен хероин“ се зборови со кои професорот Тао Ран, директор на Кинескиот центар за ментален развој на адолесцентите во Пекинг го опишува порокот на своите пациенти.
За зависник се смета секој кој повеќе од шест часа минува на интернет (ако не станува збор за учење или слично), а зависност од интернет ништо помалку не се разликува од зависност од психоактивните супстанци, вели Ран.
Неговата клиника е местото на случување на најновиот филм на израелските режисери Шоша Шлама и Хиле Медалије кои се занимаваат со животот на тројца тинејџери – Ники, Хакер и Хопу, додека поминуваат низ програмата за рехабилитација.
Тинејџерите, се разбира не се одушевени со престојот во оваа установа. Многу деца се доведени со измама, некои и со седативи За три до четири месеси ќе бидат целосно отсечени од своите семејства, пријатели и што е најважно од интернет, кој по се изгледа им е единствен извор на задоволство.
Кина е прва земја во светот која ја класифицираше зависноста од интернет како клиничко пореметување и основа повеќе од 400 центри за рехабилитација.
Колку е сериозен проблемот говори и фактот дека некои тинејџери престанале да се капат, некои се отпишале од училиште, а други почнале да носат пелени за да не мора да престанат да ја играат играта ако имаат физиолошка потреба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.