Аргентинскиот ас во редовите на Манчестер Јунајтед Анхел Ди Марија е се поблиску до излезните врати на „Олд Трафорд“.
Француските медиуми од утринава пренесуваат екслузивни информации дека Ди Марија се договорил со шампионот на Франција, Пари Сен Жермен.
Откако го реши проблемот со суспензијата поради непочитувањето на финанскиот ферплеј, ПСЖ ќе се обиде значително да го засили составот за следната сезона со единствена цел, напад на тронот во Лигата на шампионите.
Како наведуваат француските медиуми Аргентинецот се договорил со ПСЖ на петгодишен договор, но сумата за која ќе настапува во Париз сеуште не е обелоденета.
Ди Марија беше желба на тренерот Лоран Блан уште минатото лето кога тој го напушти Реал Мадрид и премина во редовите на „црвените ѓаволи“.
По најавите за негов трансфер, останува да се види дали управите на двата клуба ќе најдат заеднички јазик и овој фантастичен фудбалер ќе настапува на „Паркот на принцовите“ следната сезона. Јунајтед за него плати рекорди 60 милиони фунти, па и покрај слабата сезона која ја имаше Ди Марија нема да сака да се откаже лесно од играчот и да го продаде и да загуби големи средства.
Богатите сопственици на ПСЖ се спремни да издвојат истотака 60 милиони фунти за ангажирање на Ди марија.
Секако оваа сума добро ќе им дојде на челниците на Манчестер Јунајтед кои овие денови прават чуда на трансфер пазарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот
-
Столтенберг му ја врачи поканата за почеток на преговорите за НАТО на Заев
-
Ристо Никовски: Почнуваме де факто ужас без крај, ова не е крај на проблемите
-
МД „Илинден“: Власта во Грција недвосмислено кажа дека Македонија може да влезе во ЕУ, но не и „македонизмот“


