Еврокомесарот за преговори за проширување и европска соседска политика Јоханес Хан претпладнето во ЕУ Инфо центарот се сретна со претседателите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.
Хан и тројката европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, попладнево во резиденцијата на ЕУ во Пржино имаат средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој е придружуван од Радима Шекеринска и Рената Трнеска Дескоска.
Се очекува Хан и европратениците да се сретнат и со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Според најавата од Европската комисија, по поединечните средби со лидерите на четирите најголеми политички партии, треба да се одржи и заедничка лидерска средба. За доцна попладне е најавена прес-конференција на која еврокомесарот Хан ќе ги соопшти резултатите од разговорите со партските лидери за надминување на политичката криза.
Основа за постигнување конечен договор, како што велат од ЕК, е договорената рамка од 2 ри јуни што предвидува итни реформи во неколку области и одржување на вонредни парламентарни избори најдоцна во април 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хан: Очекувам објаснување за азилот на Груевски, се работи за кредибилитетот на Европа!
-
Мицкоски – Хан: Евро-атлантската интеграција е клучен фактор за стабилност и просперитет во регионот
-
Хан: Имате рандеву со историјата!
-
Прес-конференција на премиерот Зоран Заев и еврокомесарот Јоханес Хан (во живо)



