Алергиите се совремна болест и речиси не посто човек кој немал проблем од ваков вид. Во време на одмори мошне чести се алергиските реакции на сонце. Лекови за оваа реакција се некои видови на антибиотици, антидепресиви, сулфонилуреа во антидијабетиците, трипролидин во антихистаминиците, клортиазид во диуретиците, против воспалителни лекови кои содржат пироксикам како и оралните контрацептиви.
Не користете козметчки препарати кои содржат етерични масла. Избегнувајте производи кои содрзат АХА И БХА киселини, салицилна киселина и ретинол. Воздржете се од хемиски пилинг, ласерски третмани, микродермоабразија и слични третмани пред изложување на директна сончева светлина. Дури и обични сапуни, боја за коса, шампони против првут или парфеми можат да содржат фотосензитивни материи. Доколку приметите чешање или црвенило, заменете ги со слични производи кои не содржат фотосензитивни материи. При одење во природа, избегнувајте допир со листови и трева бидејќи тие содржат фитокумарини кои предизвикуваат несакани ефекти.
Најдобар начин да се спречи алергијата е избегнување на сонце, носење на заштитни очила, облека и користење на медицински производи за заштита од сонце во облик на креми, лосиони или гелови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.