Најголемата журка на отворено оваа лето ќе се случува на Плажа Немо во Охрид, најавуваат од „Прагма“ продукција.. На 1 и 2 август на светска сцена под отворено небо, со озвучување и осветлување по највисоки стандарди, во рамките на „Orange“ фестивал“, прв со свој сет ќе настапи Том Нови. Веќе на 2 август на сцената на Немо ќе настапи светската драм енд бејс атракција „Рудиментал“.
Информациите од терен велат дека Охрид во моментов е полн со британски туристи поради тазе воведените чартер летови до Лондон. Побарувачката за влезниците за концертот на Рудиментал е голема. За да им излезат во пресрет на сите фанови на овој бенд, организаторите најавуваат дека до 27 јули сите кои што сакаат да бидат дел од овој летен спектакл, ќе можат да купат блок влезница за само 600 денари.
Додека пак присуство само на концертот на Рудиментал, до 27 јули ќе ве чини 500 денари.
Влезниците можете да ги најдете во продажната мрежа на „Купикарти за се“, локалните плоштади и кафулиња низ Република Македонија, плоштадот во Охирд и „ЗЗ топ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.