| четврток, 6 декември 2018 |

За 24 часа издадени 618 потврди за признавање право на азил

азил

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, издаде потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил во Република Македонија на 618 странски државјани кои илегално влегле на нашата територија.

Во периодот од 19 јуни до 14 јули во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 12.793 странски државјани, од кои 9.761 се од машки пол, 1.623 се од женски, 1.317 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 92 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-9.091, потоа Авганистан-1.077, Ирак-707, Пакистан-458, Сомалија-356, Палестина-331, Конго-248, Камерун-100, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 14.07.2015 година до Одделението  за азил се поднесени 32 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 23 барања се од државјани на Сирија за азил, од нив шест за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко и Алжир и по едно барање од државјани од Египет и Ирак.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 14.07.2015 година се евидентирани вкупно 36 баратели на азил, од кои 27 се мажи, две се жени и седум се малолетни лица. Меѓу нив не се регистрирани баратели на азил со повреди, бремени барателки на азил како и малолетни лица без придружба на старател.

Во текот на изминатото деноноќие (7 часот на 13 јули до 7 часот утрово) извршена е дезинфекција на: 800м2 вагони од страна на ЦЈЗ Скопје, 1.500м2 на прифатниот центар за азиланти Визбегово, 800м2 вагони и 200м2 површина на железничката станици Куманово и Табановце од страна на ЦЈЗ Куманово и на 2.500м2 во Гевгелија (површина на жел.станица, автобуска, перони, тротоари и простор каде престојуваат во околината  и полициски возила“. Во Општата Болница Гевгелија била пружена здравствена услуга на три мигранти во дневна болница.

Мобилните екипи на Црвен крст лоцирани во Гевгелија и Табановце, укажале медицинска помош на вкупно 126 лица, од кои 32 во Табановце и 94 во Гевгелија. Реализирани се три транспорти до општата гевгелиска болница (две бебиња и едно инвалидизирано лице). Ниту едно лице не е задржано на лекување.

До 17 часот, дистрибуирани се: 168 шишиња вода, 22 кутии бисквити, девет ќебиња, осум пакувања пелени, седум пакувања хигиенски влошки, три УНФПА пакети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top